Вторник, 15 Јануари 2019 14:50 |
Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со директорите на јавните претпријатија оствари средба со директорот на Управа за санкции Јовица Стојановиќ и постојаниот твининг советник Аксел Бримле.
На состанокот се разговараше зајакнувањето на казнено – поправниот систем и пробациската служба.
|
Повеќе...
|
|
Петок, 11 Јануари 2019 10:52 |
Почитувани присутни, Почитувани спортисти, спортски работници, претставници на спортски здруженија и екипи, Почитувани поддржувачи и почитувачи на спортот, Почитувани сограѓани,
Се собравме вечерва за заеднички да направиме осврт на спортските успеси кои штипјани ги остварија во текот на минатата 2018 година.
И на самиот почеток можеме со леснотија, но и со голема гордост, да констатираме дека спортските успеси на Штип навистина беа големи во текот на минатата година.
|
Повеќе...
|
Четврток, 10 Јануари 2019 15:23 |
Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со директорите на ЈП „Стипион 2011“ и ЈП „Исар“ извршија увид во проодноста на улиците и тротоарите од прв и втор приоритет. Јавните претпријатија работат на расчистување на улиците и тротоарите со цел непречено движење на пешаците и автомобилите.
|
Повеќе...
|
Четврток, 03 Јануари 2019 14:01 |
Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со директорот на Клиничка болница во Штип, Ален Георгијев го посетија првото родено бебе за 2019 година. Се работи за женско дете родено вечерта на 01.01.2019 година во 02:45 минути.
|
Повеќе...
|
Среда, 26 Декември 2018 20:27 |
Денеска започна Новогодинешниот хепенинг организиран од страна на Општина Штип. Градоначалникот Благој Бочварски го означи почетокот на настаните и активностите кои ќе траат во наредните неколку денови. Денеска на задоволство на граѓаните свое учество во овој хепенинг зедоа, пејачот Зоран Илиев, магионичарот Кристијан Шопов, детскиот балетски клуб и дечината од ООУ „Ванчо Прќе“.
|
Повеќе...
|
Среда, 26 Декември 2018 14:05 |
Денеска, градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски ги посети дечињата од ООУ „Ванчо Прќе“, дневните центри во Ново Село и Пребег и детското одделение при Клиничка болница Штип каде им се поделија 200 пакетчиња.
|
Повеќе...
|
Петок, 21 Декември 2018 14:59 |
Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски изврши увид во започнатите градежни активности во населбата Автокоманда на спој од улиците Широк дол и Радански пат. Се работи за прекоп, тампонирање и бетонирање на оваа улица која беше во лоша состојба и голем проблем за движење на граѓаните од тој дел од градот.
|
Повеќе...
|
Вторник, 18 Декември 2018 13:53 |
Почитувани,
На почетокот дозволете ми да го честитам празникот „Свети Никола“ на сите граѓани на Општина Штип.
Оваа година добитниците на годишните признанија се заслужни граѓани и организации кои придонесуваат кон градењето и зацврстувањето на општественото ткиво.
|
Повеќе...
|
Понеделник, 17 Декември 2018 18:58 |
По одржувањето на двете јавни расправи за креирање на буџетот на Општина Штип за 2019 година, денеска во просториите на Општина Штип се одржаа уште две јавни расправи за креирање на буџетот на Општина Штип.
На овие јавни расправи присутни беа, претседателот на Совет на Општина Штип, Јане Миланов и директорите на ЈП „Стипион 2011“ и ЈП „Исар“.
|
Повеќе...
|
Сабота, 15 Декември 2018 12:34 |
Денеска во просториите на Општина Штип се одржаа две јавни расправи за креирање на буџетот на Општина Штип за 2019 година.
На овие јавни расправи присутни беа градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, претседателот на Совет на Општина Штип, Јане Миланов и директорите на ЈП „Стипион 2011“ и ЈП „Исар“.
|
Повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 Следно > Крај >>
|
Страница 43 од 67 |