Средба со градоначалникот на Општина Прилеп |
Четврток, 06 Декември 2018 15:39 | |||
„Денеска овде во Општина Штип имаме прва ваква средба со градоначалникот на Општина Прилеп. Какошто најави тој ова е наша прва ваква средба, но не и прв контакт бидејќи ние постојано комуницираме и во рамките на ЗЕЛС со што се координираме, заедно размислуваме и заедно ги решаваме проблемите. Нашите две општини генерално се соочуваат со исти или слични проблеми. Општина Штип и Општина Во иднина ќе оствариме средба и во Општина Прилеп со што ќе можеме заеднички да ги решаваме проблемите на нашите две општини,“ изјави Бочварски. По средбата, градоначалниците и претставници од „Витаминка“ имаа посета на фабриката „Брилијант“ којашто е во сопственост на „Витаминка“. За време на посетата присутните беа запознаени со работата на оваа фабрика и идните чекори на истата.
|