Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дома Настани Увид во бетонирање на краци од улица кај местото Шардаван Баши
Увид во бетонирање на краци од улица кај местото Шардаван Баши
Среда, 05 Декември 2018 13:50

Ulica-mvShardavanBashi-01Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со директорот на ЈП „Стипион 2011“, Сашко Протогеров извршија увид во завршните градежни активности кај местото Шардаван Баши. По барање на граѓаните се постави нова водоводна линија во должина од 120 метри и канализација со 94 метри во вредност од 311.375 денари и во завршна фаза е бетонирањето на краците на овие улици со должина од околу 200 метри што ЈП „Стипион 2011“ ќе го чини 803.000 денари.

„Денеска заедно со директорот наUlica-mvShardavanBashi-02 ЈП „Стипион 2011“ дојдовме овде да направиме увид во скоро завршената улица во месноста Шардаван Баши. Овде морам да истакнам дека во предизборниот период имав посета на граѓаните во овој дел од градот кадешто увидов дека се живее во многу тешки услови, добив барање да оваа улица ја направиме и да го реконструираме водоводот, односно да се доизгради и да се изгради канализација во овој дел.

Овие луѓе живееја во многу тешки услови и нашата улога како локална власт е да излегуваме во пресрет на граѓаните.

Такашто овде веќе изградивме нова водоводна и канализациона линија во висина од околу 311.000 денари. Веднаш потоа ја изградивме оваа пристапна улица кон овие куќи, во вредност од 803.000 денари,“ истакна градоначалникот Бочварски.

Општина Штип во наредниот период ќе работи на новиот буџет за 2018 година кадешто можат сите граѓани да се вклучат, да даваат предлози и идеи.

 Ulica-mvShardavanBashi-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Април 2025
П В С Ч П С Н
31 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 1 2 3 4

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize