Понеделник, 03 Декември 2018 14:57 |
Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со претставници од Општина Штип посетија неколку настани организирани од повеќе институции во градот, по повод 3 декември – Меѓународен ден на лица со попреченост. Во ООУ „Ванчо Прќе“ се организираше продажна изложба од Активот на посебните одделенија, потоа се одржа приредба во Дневниот центар за деца со посебни потреби во Ново Село, во ДСУ „Искра“ се одржа приредба од дечињата коишто престојуваат таму и на градоначалникот Бочварски му беше доделена благодарница.
Градоначалникот Бочварски ги посте и Дневниот центар за деца со аутизам во населба Пребег и Здружението „Порака“ кадепто имаше свои обраќања.
„По повод 3 декември – Денот на лица со попреченост денеска сум во ООУ „Ванчо Прќе“ на посета заедно со претставници од Општина Штип и директорот на ООУ „Ванчо Прќе“, овој ден е многу важен за сите нас, бидејќи денеска треба да се сетиме на сите овие лица и да видиме во кои услови учат и се образуваат. Да придонесеме разликите коишто ги има помеѓу граѓаните во општеството да бидат што е можно помали,“ изјави Бочварски.
Општина Штип заедно со стручните лица дава поддршка и придонес за подобрување на оваа проблематика. Општина Штип исто така изгледува во пресрет преку своите ингеренции за изградба на инфраструктура којашто многу значи за овие лица. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски се заблагодари на сите општествено одговорни чинители кои често преку донации ги помагаат институциите коишто работат со лицата со попреченост.

|