Пошумување на крајбрежјето на река Брегалница во близина на селото Пенуш |
Петок, 30 Ноември 2018 14:04 | |||
„Денеска се наоѓаме на локацијата во близина на местото Пенуш по течението на реката Брегалница. Едно многу значајно место за Република Македонија и за Општина штип коешто е одбрано поради неговата специфичност на растенијата коишто растат овде. Оваа акција е со цел да го збогатиме овој вид на растенија коишто ги снемува од овој вид. Денеска заедно со Источен плански регион, преку програмата на Швајцарската агенција за развој, заедно со директорот на ЈП „Исар“, советници од Совет на Општина Штип и ученици од две средни училишта сме овде да насадиме 120 садници,“ истакна градоначалникот Бочварски. На оваа активност пред сите присутни беше презентирано од страна на професори на Шумарскиот факултет во Скопје, како правнилно се засадуваат дрвца и како тече нивното одгледување.
|