Понеделник, 03 Септември 2018 12:43 |
Денеска во ОМЦ „Киро Глигоров“ во Штип се одржа средба во организација на Државен Завод за Индустриска Сопственост и Општина Штип, а по повод одбележувањето на месецот на Индустриската Сопственост се случува и во Штип.
|
Повеќе...
|
|
Петок, 31 Август 2018 13:41 |
Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, присуствуваше на свечениот пречек на првачињата во ООУ „Димитар Влахов“ во Штип, каде им посака топло добредојде во училишните клупи.
|
Повеќе...
|
Четврток, 30 Август 2018 13:44 |
Градежната офанзива во Штип продолжува. Денеска се асфалтира улицата „Иво Лола Рибар“, којашто е една од повеќето улици опфатени во тековните инфраструктурни проекти и инфраструктурниот подем којшто го доживува Општина Штип.
|
Повеќе...
|
Петок, 24 Август 2018 15:17 |
Во рамките на летниот караван на активности што во следниот период ќе се спроведуваат преку граѓанската платформа „Мрдни со прст“, од 18 август започнуваме со серија на настани кои ќе ги повикаат граѓаните на заедничко дружење во седум општини низ земјава. Мрдни со прст ќе спроведе настани од спортско - забавен карактер насловени „Размрдај се“. Во Крива Паланка, Кавадарци, Штип, Дојран, Валандово, Струмица и Пробиштип обучен инструктор за фитнес ќе одржува час на отворено. Овој настан е од отворен тип и ќе се случува во парковите на општините. Тренинзите ќе бидат под водство на Маја Талевска, поранешна професионална балерина, долгогодишен пилатес инструктор и прв лиценциран antigravity инструктор во Македонија. Водител и домаќин на настанот ќе биде Мартин 99 Трпчевски. Во пресрет на настанот ќе биде поставена и аудио опрема во парковите низ општините на која диџеј ќе пушта музика додека присутните вежбаат.
|
Повеќе...
|
Петок, 24 Август 2018 14:28 |
Општина Штип продолжува со процесот на доведување на инфраструктурата во солидна состојба. Во изминатиов период се асфалтираа и уредуваа повеќе улици во градот. Денеска се наоѓаме на улицата „Радански пат“, каде се бетонира крак од оваа улица.
|
Повеќе...
|
Среда, 22 Август 2018 12:54 |
Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, изврши увид во градежните активности на една од улиците опфатени со рехабилитација и санација, а тоа е улицата „Крушевска Република“ која се наоѓа во населбата Баби.
|
Повеќе...
|
Вторник, 07 Август 2018 13:53 |
Денеска, 07.08.2018 г., градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, ја информираше јавноста за тековните инфраструктурни проекти и инфраструктурната офанзива којашто се случува во општина Штип.
Имено, во моментов во Штип во различни фази од нивната реализација се одвиваат голем број важни инфраструктурни проекти. Над 161.471.000 денари, пари на граѓаните, се вложени во бројни инфраструктурни проекти, коишто се од суштинско значење за растот и развојот на нашиот град.
|
Повеќе...
|
Вторник, 07 Август 2018 11:37 |
Денеска, 07.08.2018 г., градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, присуствуваше на пригодното одбележување на денот на смртта на Генерал Михајло Апостолски. Одбележувањето на овој ден беше организирано од страна на Сојузот на борците од Народноослободителната и Антифашистичка војна на Македонија 1941-1945 и граѓаните продолжувачи на боречките традиции за општините Штип и Карбинци со седиште во Штип.
|
Повеќе...
|
Четврток, 02 Август 2018 11:07 |
Денеска Општина Штип го чествува празникот Илинден преку полагање цвеќе на :
- Споменикот во „Алејата на народните херои“;
- Спомен релјеф на Гоце Делчев во Ново Село;
- Споменик на загинатите борци во село Долани;
- Споменик на загинатите борци во село Драгоево.
|
Повеќе...
|
Среда, 01 Август 2018 09:29 |
Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување, UNPD и Општина Штип се објавува Јавен оглас за вклучување во Програмата Општинско-корисна работа.
Ги повикувам сите евидентирани невработени лица да се вклучат во Програмата за работно ангажирање, со скратено работно време, 20 работни часа неделно, за период од 9 месеци.
|
Повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 Следно > Крај >>
|
Страница 50 од 67 |