Четврток, 26 Јули 2018 12:39 |
Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски изврши увид во градежните активности во УЕ 36 во населба „Сењак“ кај објектот Луна Комерц. По тампонирањето ќе се започне со асфалтирање на овие улици со вкупна површина од 2800 м2. Изведувач на оваа инвестиција ќе биде економскиот оператор ВЕ-ГРУПА ДООЕЛ, а инвестицијата ќе чини 4.869.816,00 денари со вклучено ДДВ.
|
Повеќе...
|
|
Среда, 25 Јули 2018 11:59 |
Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски изврши увид во градежните активности на игралиштето во населба Блок 70.
|
Повеќе...
|
Четврток, 19 Јули 2018 10:15 |
Вчера свечено беше отворена спомен соба на првиот претседател на Република Македонија, нашиот сограѓанин, Киро Глигоров. На отворањето на спомен собата му претходеше пригодна церемонија, на која, покрај градоначалникот на Општина Штип, присуствуваа и претседателот на Влада на Република Македонија, Зоран Заев, ќерката на претседателот Глигоров, Донка Глигорова, како и повеќе членови на семејството на претседателот, некогашниот шеф на кабинет на претседателот Глигоров, Живко Кондев, како и повеќе членови на неговиот кабинет, дипломатот Виктор Габер и други соработници на првиот претседател на нашата земја.
|
Повеќе...
|
Среда, 18 Јули 2018 14:39 |
Почитуван претседател на Влада на Република Македонија, господин Зоран Заев, Почитувана госпоѓа Донка Глигорова, ќерка на претседателот Глигоров, Почитуван и министри и заменици-министри во Влада на Република Македонија, Почитуван претседател на Совет на Општина Штип, господин Јане Миланов, Почитувани советници, Почитувани присутни,
Денеска е голем ден за Штип. Денеска Штип и штипјани му ја оддаваат должната почит на својот сограѓанин и татко на нацијата, првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров.
|
Повеќе...
|
Вторник, 17 Јули 2018 10:24 |
Почитувани,
Би сакале преку оваа изјава за медиуми да ги известиме сите наши сограѓани дека утре, на 18 јули, со почеток во 12:00 часот во ОМЦ „Киро Глигоров“ ќе биде свеченото отворање на спомен собата на првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров.
|
Повеќе...
|
Понеделник, 16 Јули 2018 12:01 |
Заврши Балканскиот шампионат во одбојка нa песок до 22 год.
Победник во машка конкуренција е тимот на Молдавија, а во женска конкуренција тимот на БИХ. Честитки до сите учесници за остварените резултати.
|
Повеќе...
|
Недела, 15 Јули 2018 13:40 |
Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, присуствуваше на одбележување на денот на загинување на првоборката Вера Циривири – Трена. И после 74 години од нејзината смрт, споменот за храброста на оваа народна хероина, но и нејзините идеи за слобода и рамноправност сѐ уште живеат и се вредности коишто го обликуваат нашето секојдневие.
|
Повеќе...
|
Недела, 15 Јули 2018 13:04 |
Општина Штип и градоначалникот, Благој Бочварски, изразуваат задоволство за вчерашната голема граѓанска прослава која се одржа на плоштад „Слобода“ по повод поканата за влез на Македонија во НАТО и добиениот датум за преговори со ЕУ.
|
Повеќе...
|
Четврток, 12 Јули 2018 20:56 |
Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски присуствуваше на ждрепката за извлекување на групите за Балканскиот шампионат во Бич Волеј до 22 години, со почеток во 20:00 часот во хотел „Оаза“, кој ќе се одржува на 13, 14 и 15 јули во дворот на СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“ Штип.
|
Повеќе...
|
Понеделник, 09 Јули 2018 14:27 |
На заедничката работна средба што се одржа на 27.06.2018 година со почеток во 13 часот во Општина Штип учествуваа претставници од Ромската Акциона група од Општина Штип, претставници од Општинската работна група на Општина Штип и лица задолжени за спроведување на РОМАКТЕД програмата од Советот на Европа.
|
Повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 Следно > Крај >>
|
Страница 51 од 67 |