Одбележување на денот на загинување на првоборката Вера Циривири – Трена |
Недела, 15 Јули 2018 13:40 | |||
Вера на само петнаесет години ја започнала нејзината револуционерна дејност и посветеност на народноослободителната борба на нашата земја. Вера Циривири – Трена загина млада, но во нејзиниот краток живот таа остави траен печат во македонската историја. Таа учествувала во омасовувањето на НОВ и СКЈ, а исто така и го организирала испраќањето на делегатите на Првото заседание на АСНОМ. Нејзината целосна посветеност Самопожртвуваноста на Вера Циривири – Трена и нејзините соборки била наградена во 1945 година, кога не само Македонија за прв пат станува суверена и независна држава, туку и жените за прв пат добиле право на глас, а женските права станале дел од Уставот на СФРЈ, што означило родова рамноправност во сферите на државниот, економскиот и општествено-политичкиот живот. Огромен е нашиот долг кон овие жени пред кои фашистичкиот окупатор и непријател треперел. Штип и штипјани ќе продолжат да го одржуваат споменот на прилепчанката Вера Циривири – Трена и со почит и пиетет да се сеќаваат на Народноослободителната борба и најсветлиот дел од македонската историја.
|