Благодарност до граѓаните за вчерашната прослава |
Недела, 15 Јули 2018 13:04 | |||
Синоќа голем број граѓани на Штип имаа можност заедно да го прослават историскиот успех на нашата земја. Вредноста на историскиот момент е препознаена ширум земјава. Општина Штип даде поддршка и помош за вчерашната прослава да помине во најдобар ред, а музичарите со нивниот професионален однос и ангажман ги забавуваа граѓаните до доцна во ноќта. Граѓаните прославија за досегашните успеси, но и за продолжувањето на успешната приказна која обезбедува слобода, безбедност и економски раст. Застануваме рамо до рамо со најсилните земји во Европа и светот, цврсто во одбрана на правото на сопствен став. Доаѓа време на подобар живот за сите граѓани, овде, во нашата земја.
|