Ждрепка за Балкански шампионат во Бич Волеј |
Четврток, 12 Јули 2018 20:56 | |||
"Најпрво сакам да го изразам моето задоволство од организацијата којашто ќе се случува наредните денови во Штип. Ова е убав момент да граѓаните на општина Штип и на околните места уживаат во спортските натпревари коишто ќе се случуваат овде. Ова е Балканско првенство во одбојка на песок до 22 години и ние направивме големи напори како Општина да помогнеме на одбојкарската федерација со којашто заедно го организираме овој настан се со цел да овозможиме уште еднаш Штип да биде домаќин на ваков убав настан," изјави градоначалникот Бочварски.
На ова Балканско првенство во Бич Волеј ќе има повеќе учесници во машка и женска конкуренција од различни земји.
|