Прва еколошка акција во старото нервно одделение на Општина Штип и ромската заедница во рамки на програмата РОМАКТЕД од Советот на Европа |
Понеделник, 09 Јули 2018 14:27 | |||
Еден од заедничките заклучоци од состанокот беше кревање на свеста на ромската заедница за заштита на животната средина и организирање еколошки акции во ромските населби, како и поставување на контејнери во заедницата во соработка со општинската работна група и ромската акционата група на Општина Штип. И за проблемите со хигиената и дивите депонии во ромските населби и немањето на контејнери во ромските населби беше истакнато дека има иницијатива од Општина Штип заедно со ЈП „Исар“ и ЈП „Стипион 2011“ да се започне со поставување контејнери во ромските населби и на тој начин постепено да се подобри сликата во ромските маала и да се подобри хигиената во ромската заедница во Општина Штип. На ден 07.07.2018 година со почеток во 07:00 часот наутро се реализираше првата еколошка акција за расчистување на дивата депонија заедно со ромската акциона група и претставниците на Општина Штип за подобрување на хигиената во старото нервно одделение, каде се згрижени повеќе од 35 ромски семејства и се поставени контејнери на повеќе места во ромските населби на улицата „Косовска“ и местото викано Света Недела.
|