Координирани акции на јавните претпријатија |
Сабота, 07 Јули 2018 13:50 | |||
Во населба Македонка се уредуваат јавните површини, се врши санитарна техничка сеча на суви дрвја, се косат зелени површини, се бетонираат улици и се заменуваат улични светилки. Координираната акција во населба Македонка произлезе од барањата кои жителите ги упатија до градоначалникот на реализиранат средба во урбаната заедница. Кај зградата на старото нервно одделение, координираната акција е во насока на расчистување на тамошната дива депонија. Градоначалникот на Општина Штип ги посети овие координирани акции и ги повтори заложбите на локалната самоуправа да им излезе во пресрет на граѓаните.
|