Поставени десет активни зони за вежбање |
Четврток, 05 Јули 2018 12:34 | |||
„Денеска промовираме еден - Населба Леваци, до спортското игралиште; - Населба Широк Дол, во склоп на постојните спортски игралишта; - Ново Село; - Стар Караорман; - Населба Дузлак, во рамки на постојните спортски игралишта; - Населба Сењак 3; - Паркот до полицијата; - Населба Баби, во паркот до ООУ „Славејко Арсов“; - Населба Осми Ноември, на почетокот од населбата, покрај река Брегалница; - Три Чешми.
Активните зони ќе бидат активни 24 часа и достапни за користење од страна на сите категории кои имаат желба за рекреација и спортување. Конструкцијата е монтажно демонтажна. Истата се сости од шест различни финтес справи поставени на бетонски темели. Оваа урбана опрема е поставена исклучиво за остварување на јавен интерес утврден со закон. Проектот чини 3.000.000 денари, средства издвоени од буџетот на Општина Штип. Креираме капитални проекти преку кои во Штип го внесуваме духот на младоста, спортот и рекреацијата. Обезбедуваме услови за здрав живот за сите: младите да спортуваат, децата да се забавуваат, возрасните да се рекреираат. Со овој проект ги спојуваме природата, спортот и рекреацијата на едно место. Инвестираме во создавање подобри услови за спортување и одржување здрави навики на жителите на спомнатите населби.
|