Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дома Настани
Настани
Средба со министер за транспорт и врски и доделување решенија за утврдување правен статус на бесправни објекти
Четврток, 21 Јуни 2018 12:22

TransportiVrski-04Денеска во посета на Општина Штип беше министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски, којшто оствари средба со градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, како и со претставници на општинската администрација.

Повеќе...
 
Средба со АРМ, Здружена Оперативна Команда
Четврток, 21 Јуни 2018 08:40

ARM-03Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, оствари средба со АРМ, Здружена Оперативна Команда, на којашто присуствуваа командантот на ЗОК бригаден генерал Павле Арсоски и началниците на секции. За време на средбата, градоначалникот ја презентираше Општина Штип и нејзините капацитети, додека бригадниот генерал Павле Арсоски зборуваше за присуството на АРМ на територијата на општина Штип, како и за соработката помеѓу АРМ и Општина Штип.

Повеќе...
 
Настан „Future of Europe Reload“
Среда, 20 Јуни 2018 14:23

FutureofEuropeReload-01Денеска Општина Штип учествуваше во проектот Future of Europe - Reload“. Настанот започна во 10:00 часот во ОМЦ „Киро Глигоров“ во Штип каде свое поздравно обраќање имаше градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, а потоа свое претставување имаа и градоначалниците од градовите од седум различни земји-членки во Европската унија и тоа од:Aksakovo(Бугарија), Setubal (Португалија), Ozarow Mazowiecki (Полска),Nughedu Santa Vittoria (Италија), Victoria (Романија), Monserrat (Шпанија).

Повеќе...
 
Обезбедена машина за ЈП „Исар“ Штип
Понеделник, 18 Јуни 2018 13:20

Masina-02ЈП „Исар“ Штип во изминативе неколку месеци работи домаќински и одговорно, во корист на граѓаните. Во само првото тромесечје од оваа година ЈП „Исар“ успеа да оствари заштеди во износ од 3.700.000 денари. Тие заштеди ЈП „Исар“ ги искористи за снабдување со ново возило – машина, којашто ќе биде искористена максимално за спроведување на сите важни активности на ова јавно претпријатие. Денеска беше промовирана новата машина во кругот на ЈП „Исар“.

Повеќе...
 
Делегација за Општина Стражица, Р. Бугарија
Понеделник, 18 Јуни 2018 07:59

opstina-stip-zgrada-3Како што јавноста веќе е известена, Општина Штип на десетти мај годинава оствари средба со претставници од Општина Стражица во Република Бугарија, на којашто беше договорено да се продлабочи соработката помеѓу нашите две општини. Оваа соработка ја продолжуваме со тоа што веќе утре Општина Штип испраќа своја делегација која ќе го претставува Штип кај нашите соседи.

Повеќе...
 
Информативен настан за програмата за финансиска поддршка на рурален развој за 2018 година
Четврток, 14 Јуни 2018 12:05

RuralenRazvoj-01Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, со поздравен говор го отвори информативниот настан за програмата за финансиска поддршка на рурален развој за 2018 година.

„Денеска се организира една презентација во врска со проектите коишто ги нуди Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Агенцијата за рурален развој. Градоначалниците и претставниците на локалните самоуправи од регионот, претставниците од Центарот за развој на источен плански регион и сите служби коишто работат на оваа проблематика од општините од овој регион ќе можат да се запознаат подобро со мерките коишто се нудат за поддршка на руралниот дел од општините. Источниот плански регион има 11 општини и  голем број населени места коишто се рурални и затоа се особено важни овие мерки,“ истакна градоначалникот Бочварски.

Повеќе...
 
Средба со амбасадорка на Р. Србија во Р. Македонија
Среда, 13 Јуни 2018 14:24

srbija-02Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, оствари средба со амбасадорката на Република Србија во Република Македонија, Душанка Дивјак-Томиќ. На средбата градоначалникот Бочварски и амбасадорката Дивјак-Томиќ разговараа за продлабочување на веќепостоечката соработка помеѓу двете пријателски земји, со акцент на соработка којашто ја вклучува Општина Штип.

Повеќе...
 
Увид во градежни активности кај паркинг платформа
Понеделник, 11 Јуни 2018 12:04

parking platforma-1Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски изврши увид во градежните активности кај паркинг платформата во централното градско подрачје. Со изградба на оваа платформа се обезбедуваат 50 нови паркинг места  во центарот на градот. Вредноста на овој проект изнесува 7.827.733 денари со вклучено ДДВ.

Повеќе...
 
Потпишан договор за соработка во областа на дијаспората помеѓу Влада на РМ и Општина Штип
Среда, 06 Јуни 2018 13:50

dogovor-OStip-Vlada-1Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, и министерот во Владата на Република Македонија задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, остварија средба во Штип.

При тоа беа отворени повеќе актуелни прашања во однос на иселениците од Штип, но и како може да се унапреди начинот на комуникација и соработка со нив.

Повеќе...
 
Асфалтирање делница Шашаварлија – Кошево
Вторник, 05 Јуни 2018 12:38

asfalt-Sasavarlija-Kosevo-1Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Боочварски, изврши увид на градежните активности поврзани со асфалтирање на локалниот пат Шашаварлија – Кошево – Почивало, од кој со овој проект се асфалтира делница од 1 километар.

Локалниот пат се асфалтира по сите стандарди за изведба.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 Следно > Крај >>

Страница 53 од 67

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Април 2025
П В С Ч П С Н
31 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 1 2 3 4

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize