Прво Образовно рандеву во Штип |
Петок, 01 Јуни 2018 13:22 | |||
На образовното рандеву присуствуваше градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, кој им додели признанија на средношколците коишто учебнава година што изминува освоиле награди на државни натпревари. „Денеска ми е чест што присуствувам на манифестацијата „Образовно рандеву“, којашто е во организација на Општина Штип и Дом на млади и е прва ваква манифестација на општинско ниво. Средните училишта од нашиот град конечно добија заедничка платформа за свое претставување и сметам дека тоа е навистина значајна можност, не само за промоција на средните училишта, туку и за овозможување на сегашните деветтоодделенци да одлучат каде понатаму ќе го продолжат своето образование. Се разбира, ова е добар начин и сите останати заинтересирани граѓани коишто денеска присуствуваат на денешниот настан да се запознаат со активностите на средните училишта. Оваа убава манифестација Раководителката на секторите образование, ЛЕР и јавни дејности при Општина Штип, Билјана Казанџиска образложи дека
Во „Образовното рандеву – 2018“ земаат учество четирите општински средни училишта, двете државни средни училишта и едното приватно средно училиште во нашиот град. Впечатливо е што и СОУ „Димитар Мирасчиев“ се претставува со една од своите модни ревии, креирани од самите ученици под менторство на нивните професори. СОУ „Славчо Стојменски“ ги претставува наградените творби, успешните проекти, а своја изведба има и музичкиот хор при Гимназијата. Училиштето САБА ги претставува, исто така, своите достигнувања, главно, на полето на меѓународната соработка. ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ го прави своето претставување, исклучиво, преку музички изведби на повеќето класи што функционираат при самото училиште. СОУ „Коле Нехтенин“ претставува дел од своите стручни смерови. Само со штандови се претставуваат СОУ „Јане Сандански“ и ДСУ „Искра“. Одделението за образование при Општина Штип успеа да ги искоординира сите училишта да земат учество во ова „Образовно рандеву“. Дом на млади ги понуди сопствените просторни и технички капацитети и останатите потребни логистички ресурси за одржување на овој настан,“ истакна во нејзината изјава за медиуми раководителката Казанџиска. Настанот трае од 10:30 до 16:30 часот, а на него присуствуваат многу деветтоодделенци и средношколци од Штип и регионот.
|