Средба со министер за транспорт и врски и доделување решенија за утврдување правен статус на бесправни објекти |
Четврток, 21 Јуни 2018 12:22 | |||
„Денеска во посета на Општина Штип е министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски, имавме работна средба во којашто дискутиравме за повеќе отворени прашања, за сите инфраструктурни проекти, коишто ги работи Владата со засилено темпо и динамика. Особено ми е драго што Владата со силен капацитет работи на изградбата на автопатот Миладиновци-Штип, со што ќе нѐ поврзе со главниот град со една побрза делница. Експресните патишта кон Кочани и Радовиш исто така се многу важни, со што ќе имаме и подобра и посигурна инфраструктура за патување на сите наши граѓани. Зборувавме за разработка на неколку детални урбанистички планови кои Општина Штип веќе ги има доставено во Министерство за транспорт и врски и ми е особено драго што наидуваме на одличен прием таму и веќе тие се при крај со нивна реализација, ќе можеме наскоро да ги имаме спремни за да влеземе во реализација на тие ДУП-ови. Исто така, ја искористивме можноста за на петнаесетина наши сограѓани им доделиме решенија за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти,“ истакна градоначалникот Бочварски. „Со градоначалникот Бочварски и со претставници на општинската администрација По остварената средба, градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, заедно со министерот Сугаревски доделија решенија за утврдување правен статус на бесправни објекти. Станува збор за решенија издадени на основа на Законот за постапување со бесправно изградени објекти. За да биде праведна и достапна за сите легализацијата на бесправно изградените објекти, Владата на РМ донесе одлука да го продолжи рокот за легализирање до крајот на оваа година. Сите граѓани кои претходно не успеаја да поднесат барања за легализација, сега можат да го остварат во дополнителен рок. И натаму остануваат истите потребни документи за аплицирање, а услов за легализација е објектот да бил изграден заклучно со 3 март 2011 година. Со овие измени на Законот за постапување со бесправно изградените објекти излегуваме во пресрет на илјадници граѓани кои досега поради различни причини не можеа навремено и комплетно да аплицираат за легализација на своите објекти. Инаку, вкупно иницирани постапки за утврдување правен статус на бесправен објект од 3 март 2011 година до 19 јуни 2018 година е 12.250. Вкупно решени постапки за утврдување правен статус на бесправен објект од 3 март 2011 година до 19 јуни 2018 година е 6.158.
|