Петок, 01 Јуни 2018 13:22 |
Денеска, во организација на Општина Штип и Дом на млади, за прв пат се одржува манифестацијата „Образовно рандеву“ во Штип. Ова е значаен настан, затоа што преку него се нуди платформа на којашто сите средни училишта од нашиот град имаат можност да се претстават. Притоа, на сите средни училишта им е овозможено на соодветни штандови да ги изложат своите промотивни материјали, а истовремено да ги претстават и своите достигнувања и реализирани проекти на мултимедијален начин.
|
Повеќе...
|
Четврток, 31 Мај 2018 14:04 |
Денеска во посета на општина Штип е амбасадорката на Јапонија во Република Македонија, Кеико Ханеда, чијашто посета е со цел промоција на проектот „Подобрување на здравствената средина на Клиничка болница Штип преку обезбедување амбулантни возила“, преку кој се обезбедени возила за транспорт на пациенти во износ од 40.262 евра.
|
Повеќе...
|
Вторник, 29 Мај 2018 13:48 |
Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, пред медиумите, а со тоа и пред целата јавност, даде осврт на сработеното од почетокот на мандатот.Во презентацијата којашто медиумите имаа можност да ја проследат, градоначалникот зборуваше за реализираните објекти, но и за оние чијашто реализација тече, како: гасификација на општина Штип, изградба на брана на река Отиња, изградба на нова детска градинка, изградба на платформа за паркинг, проектирање реконструкција со доградба на трибини на градски стадион, решение за сообраќајниот метеж во централното градско подрачје, финализирање прва фаза на обиколницата и продолжување со втора фаза на истата, бројни инфраструктурни потфати. Градоначалникот Бочварски зборуваше и за активностите на јавните претпријатија, како и за промовираните мерки, проекти, иницијативи, средби и останато.
|
Повеќе...
|
Вторник, 29 Мај 2018 12:26 |
Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, присуствуваше на отворање на Ресурсен центар за граѓански организации, на коешто имаше и свое поздравно обраќање.
|
Повеќе...
|
Понеделник, 28 Мај 2018 12:45 |
Урбаните заедници повторно се интегрираат и вклучуваат во работата на Општина Штип. Во изминатите неколку години урбаните заедници биле во целост запоставени и оставени да служат само на хартија. Општина Штип сега се залага за нивно обновување и континуирано одржување.
|
Повеќе...
|
Понеделник, 21 Мај 2018 12:16 |
Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, изврши увид во реконструкцијата на тротоарот на Булевар „ЈНА“ во населбата Осми Ноември, каде после предолг период, повторно се вложува во инфраструктурата. Имено, деновиве работните единици на ЈП „Стипион 2011“ работат на реконструкција на еден од тротоарите на Булевар „ЈНА“, којашто беше и повеќе од потребна.
|
Повеќе...
|
Петок, 18 Мај 2018 13:10 |
Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, изврши увид во објектот на територијалната против-пожарна единица при Општина Штип и се вклучи во одбележувањето на месецот и Денот на пожарникарството. Имено, во текот на целиот месец мај преку активности на ТППЕ се одбележуваше месецот на пожарникарството.
|
Повеќе...
|
Недела, 13 Мај 2018 21:19 |
Вечерва на свечениот пречек на Европскиот шампион во карате Емил Павлов во големата сала во Општина Штип,присуствуваа градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, претседателот на Советот на Општина Штип, Јане Миланов и советниците во Совет на Општина Штип.
|
Повеќе...
|
Сабота, 12 Мај 2018 14:20 |
 Денеска во Штип е централната прослава на Ден на Европа, којашто се случува во центарот на Штип. На плоштадот Слобода беше отворен ЕУ парк од страна на градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, премиерот на РМ, Зоран Заев, како и шефот на делегацијата на ЕУ во РМ, Самуел Жбогар.
|
Повеќе...
|
|
|