Отворање на ЕУ парк во Штип |
Сабота, 12 Мај 2018 14:20 | |||
![]() На настанот, градоначалникот Бочварски се обрати со поздравен говор :
„Ваша Екселенцијо - почитуван Амбасадор на ЕУ, г. Самуел Жбогар, Почитувани екселенции - амбасадори на земјите членки на ЕУ, Почитуван Претседател на Владата на Р. Македонија, г. Зоран Заев, Почитувани министри, Претставници на општинските институции, Драги граѓани, Дами и господа, Огромна е честа Денот на Европа да се слави во друштво на претставници на големото европско семејство, пред чија врата стоиме исправени и подготвени за соочување со евроинтегративните предизвици. Дозволете ми на самиот почеток да упатам Денеска граѓаните на општина Штип и пошироко ќе имаат можност да проследат настан од европски карактер што дава посебен сјај на нашиот град и придонесува во издигнување на општина Штип со европските метрополи. Денеска Штип се позиционира на глобалната мапа на општини кои со највисоки почести ги чествуваат мирот и единството во Европа! Плоштадот „Слобода“ денеска е Европа во мало! Овој автентичен сплет на различни обичаи и култури, на јазици и традиции групирани под еден покрив, е вистинска симболика на европските вредности кои денес заеднички ги уважуваме. Овој ЕУ Парк е унија од 28 множества чии пресеци ги кријат бенефитите на меѓусебната соработка. Затоа, ќе потрудиме во блиска иднина и нашата земја да го пронајде своето место под овие заеднички покрив! Како значаен дел од националната сложувалка, Штип е поподготвен од било да даде свој придонес на патот кон европското обединување. Во овој краток изминат период, оваа владина целина покажа подготвеност, но и капацитет изолацијата да ја трансформира во конекција. Отуѓеноста да ја замени со припадност. Врз посеаниот страв, изникна доверба. А принудниот молк исчезна под вистинското лице на демократијата! Гледано од денешна перспектива, европските идеали полека, но сигурно ги засенуваат наметнатите поделби и разнебитувања.“
|