Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дома Настани Одбележување на 20 мај - Ден на македонските пожарникари
Одбележување на 20 мај - Ден на македонските пожарникари
Петок, 18 Мај 2018 13:10

Den-pozharnikari-1Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, изврши увид во објектот на територијалната против-пожарна единица при Општина Штип и се вклучи во одбележувањето на месецот и Денот на пожарникарството. Имено, во текот на целиот месец мај преку активности на ТППЕ се одбележуваше месецот на пожарникарството.

„Денеска ги посетувам сите вработени во оваа единица за да им го честитам Денот на пожарникарството, но исто така и за да им се заблагодарам за пожртвуваноста и професионалноста во извршувањето на нивните секојдневни задачи и работни обврски.

Пожарникарството е благороднаDen-pozharnikari-2 и доблесна работа, а сите ние како општествени чинители имаме обврска да ги вреднуваме резултатите од работата на пожарникарите. Дополнително, јас како градоначалник и ние како локална самоуправа во Општина Штип должни сме да им обезбедиме и добри услови за работа, што всушност и го постигнавме во изминатите шест месеци,“ посочи градоначалникот Бочварски.

Во изминативе шест месеци во ТППЕ беа спроведени повеќе активности за подобрување на условите за работа, коишто одамна беа потребни.

Дворот беше среден и хортикултурно уреден. Беше извршено реновирање на спалните, канцелариите и ходниците во ТППЕ. Двата ДАФ камиони беа комплетно сервисирани. Сервисирањето на овие камиони се прави за прв пат, а чинеше околу 300.000 денари. Еден од овие камиони, односно ДАФ 45, беше ставен во употреба КАПС системот за гаснење со вода под притисок. Исто така, се забележува подобрување на дисциплината во ТППЕ, како и отворање на истата за граѓаните преку целомесечните активности по повод Месецот на пожарникарството.

Den-pozharnikari-3„Благодарејќи на градоначалникот Бочварски, ТППЕ Штип може да се пофали дека во изминатите шест месеци целосно ги среди возилата и сега располагаме со опрема во одлична форма и кондиција. Ние можеме да се справиме со сите предизвици кои нѐ очекуваат. Доаѓа летниот период, кога нашите активности се значително зголемени. Со вистинските професионалци коишто си ја знаат работата, а се дел од ТППЕ Штип, верувам дека ќе одговориме на предизвиците на соодветно ниво,“ истакна командирот на ТППЕ Штип, Тони Атанасов. 

Градоначалникот Бочварски посочи дека Општина Штип аплицира за проекти и грантови преку кои ќе обезбеди средства за дополнително подобрување на условите за работа на пожарникарите.

„Има разни професии, секоја од нив си носи свои одговорности, предизвици, тежини, но ретко која ги краси карактеристиките на хуманоста, поривот да се помогне и целосната себепожртвуваност. За предизвиците со кои пожарникарите секојдневнос се соочуваат потребно е не само знаење, туку и умешност, опрема, а се разбира и храброст, која е одлика својствена на пожарникарите. Наспроти сериозните и застрашувачки предизвици, стојат пожарникарите со нивниот ангажман, подготвеност, стручност и пожртвуваност за заштита не само на материјалните добра, туку и на човечките животи. За тоа сме ви неизмерно благодарни,“ истакна градоначалникот Бочварски.

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Март 2025
П В С Ч П С Н
24 25 26 27 28 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31 1 2 3 4 5 6

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize