Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дома Настани Реконструкција на тротоар на Булевар „ЈНА“
Реконструкција на тротоар на Булевар „ЈНА“
Понеделник, 21 Мај 2018 12:16

trotoar Bul JNA-1Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, изврши увид во реконструкцијата на тротоарот на Булевар „ЈНА“ во населбата Осми Ноември, каде после предолг период, повторно се вложува во инфраструктурата. Имено, деновиве работните единици на ЈП „Стипион 2011“ работат на реконструкција на еден од тротоарите на Булевар „ЈНА“, којашто беше и повеќе од потребна.

Тротоарите во оваа населба со децении не се одржуваа, а тоа предизвикува проблем во движењето на пешаците во оваа населба. Тој пропуст се исправа и сега оваа населба се разубавува со тоа што се вложува во нејзината инфраструктура. Освен што во овој дел населбата ќе добие поубав лик, исто така и значително ќе се подобри квалитетот на секојдневието на жителите на оваа населба.

„ Покрај реконструкцијата, trotoar Bul JNA-2работиме на решавање на уште еден инфраструктурен проблем, бидејќи работиме одговорно и сакаме кога веќе работиме во оваа населба да сработиме сѐ што е во овој потег. Во овој момент се работи на атмосферска канализација, бидејќи граѓаните овде знаат дека при помали врнежи со дожд, нивните подруми се полнеа со вода поради оштетената и нефункционална атмосферска канализација. Целата инвестиција е околу 1.750.000 денари, а изведувач на работите е ЈП „Стипион 2011“. Продолжуваме понатаму со изградба на нова, квалитетна инфраструктура за нашите граѓани,“ посочи градоначалникот Бочварски.

trotoar Bul JNA-3Реконструкцијата на тротоарот се изведува со бехатон и рабници на тротоар којшто е со должина од 320 метри, а ширина од 3 метри. Целата реконструирана површина ќе изнесува околу 960 метри квадратни, односно овој тротоар ќе биде реконструиран во целост, од градскиот стадион, па сѐ до градинката. Реконструкцијата на овој тротоар ќе чини околу 1.750.000 денари. Истовремено со реконструкцијата се изведува и атмосферска канализација.

Новата локална власт вложува во инфраструктурата и во подобрување на квалитетот на секојдневното живеење на граѓаните на Штип. Како пропратна активност во населбата Осми Ноември е и обновувањето на парковите површини во паркот, со што ќе се додадат нови содржини, а постоечките ќе бидат освежени. Сѐ во корист на граѓаните.

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Март 2025
П В С Ч П С Н
24 25 26 27 28 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31 1 2 3 4 5 6

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize