Турнир за деца со посебни потреби „Кежо 2018“ |
Среда, 09 Мај 2018 12:52 | |||
Општина Штип и оваа година преку турнирот за деца со посебни потреби „Кежо 2018“ создава услови за добрите ефекти од спортските активности да ги ползуваат и овие дечиња. Овој настан е особено важен, затоа што преку него ние како Општина Штип ги искористуваме своите надлежности и вложуваме напори за социјализација и вклучување на оваа категорија ученици. Преку вакви настани се фокусираме на целосна инклузија на сите категории во општественото живеење, со што активно ги вклучуваме, а заложбите за едно општество за сите се исполнуваат. „Овој настан го организираме На денешниот турнир учество земаат ученици од Штип, Велес, Неготино и Кавадарци. На сите учесници им посакувам денов да им помине успешно, да спортуваат и да се дружат. Градоначалникот на Општина Штип ќе продолжи да дава поддршка за одржување на ваквите настани од коишто придобивка имаме сите.
|