Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дома Настани Асфалтирање на улицата „Иво Лола Рибар“
Асфалтирање на улицата „Иво Лола Рибар“
Четврток, 30 Август 2018 13:44

UL I.L.Ribar-01Градежната офанзива во Штип продолжува. Денеска се асфалтира улицата „Иво Лола Рибар“, којашто е една од повеќето улици опфатени во тековните инфраструктурни проекти и инфраструктурниот подем којшто го доживува Општина Штип.

Оваа улица се асфалтира денеска, а не во понеделник, како што беше најавено, заради неповолните и непредвидени временски услови на почетокот од оваа недела.

Асфалтирањето на оваа улица веќе десетина години е повеќе од потребно, бидејќи улицава се наоѓа во навистина очајна состојба, а по неа секојдневно транзитираат граѓаните од сите делови на градот, имајќи предвид дека токму оваа улица е витална во сообраќајниот крвоток на градот.

„Денеска сме во централнотоUL I.L.Ribar-02 градско подрачје на улицата „Иво Лола Рибар“ каде асфалтираме 1200 метри квадратни нова асфалтна површина, што значи дека одиме со реконструкција на постоечката улица во овој дел од градот. Оваа инвестиција изнесува околу 360.000 денари. И денеска покажуваме дека ова е една од улиците коишто. Градежната офанзива продолжува и во наредните денови ќе продолжиме со улицата „Петта Партиска Конференција“, каде денеска започнуваат градежните активности, а со асфалтирање и обнова ќе продолжиме и на други улици во градот,“ истакна градоначалникот Бочварски.

UL I.L.Ribar-03Освен улицата „Иво Лола Рибар“, во периодот кој претстои ќе бидат рехабилитирани и улиците „Петта Партиска Конференција“ и „Ѓорги Петров“ во населбата Сењак, се бетонира крак на „Радански Пат“, се бетонира и крак на улицата „Кирил Пејчиновиќ“, а веќе заврши санацијата и рехабилитацијата на улицата „Крушевска Република“ во населба Баби, каде како дополнителна активност, а на барање на тамошни жители, бетониравме и еден крак од улицата „Никола Коперник“.

Парите на граѓаните ги насочуваме кон вистинските цели, а Штип конечно го доживува развојниот подем кој го заслужува. Продолжуваме да се движиме во иста насока со засилен интензитет и искрени и вредни заложби за унапредување на Штип.

 UL I.L.Ribar-04

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Април 2025
П В С Ч П С Н
31 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 1 2 3 4

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize