Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дома Настани Одбележување на Илинден
Одбележување на Илинден
Четврток, 02 Август 2018 11:07

Ilinden-01Денеска Општина Штип го чествува празникот Илинден преку полагање цвеќе на :

-     Споменикот во „Алејата на народните херои“;

-     Спомен релјеф на Гоце Делчев во Ново Село;

-     Споменик на загинатите борци во село Долани;

-     Споменик на загинатите борци во село Драгоево.

На свеченото положување цвеќе на споменикот на загинатите борци во село долани, свое обраќање имаше претседателот на Совет на Општина Штип, Јане Миланов.

„И оваа година со гордост им Ilinden-02оддаваме почит на хероите на двата Илиндени, на борците за слободна и независна Македонија. Денеска со особен пиетет покажуваме дека илинденската традиција испреплетена со патриотски симболи ни е важна и се вложуваме целосно за истата да ја сочуваме.

Илинден е круна на македонскиот идентитет и континуитет, клуч за иднината и сувереноста на нашата држава.

Борбеноста и одлучноста на востаниците во 1903 година ја сочинуваат гордоста за бидувањето на вистинската страна на историјата, но и гордоста за борба за социјални права во рамки на суверена држава.

Успехот на асномците во 1944 година со свикувањето на АСНОМ и народното ослободување на Македонија ја преполнуваат душата со радост заради раѓањето на нова, светла и слободна македонска држава.

Денеска ги славиме и ползуваме тие успеси, но должни сме и да им оддадеме почит на оние заради чиишто жртви овие успеси станаа возможни.

Овде во Долани, поради учество во народнослободителната борба, без докази и судење, а само за задоволување на бесот и ѕверството, бугарските фашисти брутално ги убиваат Станое Данев, делегат на АСНОМ, неговиот помлад брат Методи Данев, Ристо Стојков и Крсто Митев. Најсветлиот период во историјата на македонскиот народ немаше да се случи без храброста и пожртвуваноста на овие наши сограѓани, на коишто сме им неизмерно благодарни.

Бескрајните напори и жедта за слобода на македонскиот народ се реализираа.

Ilinden-03Денес живееме слободни и во суверена и самостојна држава. Борбата на нашата генерација е реализација на европската и евроатланската интеграција. Таа борба останува на врвот на нашите приоритети, Македонија е позиционирана да стане дел од НАТО и Европската унија.

Наша должност е да најдеме начини да ги надминеме предизвиците. Наш приоритет е да ја докажуваме нашата иницијативност и интенцијата за унапредување на дијалогот, добрососедските односи и регионалниот развој. Затоа ќе продолжиме со остварување на поставените стратешки цели, чесно и искрено и секогаш во корист на народот.

На Илинден се поставени темелите на Македонија. Во изминативе децении ја градевме државата, а денес наша обврска е да ја развиваме и сочуваме во рамки на големи и влијателни семејства, со што за навек ја обезбедуваме нејзината стабилност, напредок и целовитост.

Затоа потребно ни е единство како никогаш порано. Да ги оставиме разликите зад нас, да бидеме сложни околу напредокот, да подадеме рака за да направиме уште повеќе и уште подобро, да застанеме сите под знамето на слободна, суверена и просперитетна Македонија, интегрирана и факторизирана. Одговорноста за развој на Македонија е поголема од кои било разлики. Во духот на борбеноста на нашите предци од Илинденското востание и АСНОМ, да ги надминеме разликите и да се избориме за подобро утре,“ истакна во својот говор претседателот на Совет на Општина Штип, Миланов

 

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Април 2025
П В С Ч П С Н
31 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 1 2 3 4

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize