Понеделник, 11 Февруари 2019 14:43 |
Општина Штип во соработка со Влада на Република Македонија, работи на рехабилитација и реконструкција на крак на улицата Косовска и спој помеѓу Широк Дол и Радански пат.
Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски изврши увид во градежните активности на улицата Косовска. Се работи за крак од 137 метри кадешто долги години граѓаните имаа лоши услови за движење.
|
Повеќе...
|
|
Петок, 08 Февруари 2019 13:25 |
Општина Штип во соработка со Министерство за образование и наука започнаа со решавање на децениски проблем во основното училиште Тошо Арсов во Штип.
Се работи за замена на дотраените прозори во ова училиште кои со години беа проблем на учениците и на наставниот кадар во ова училиште.
|
Повеќе...
|
Среда, 06 Февруари 2019 12:21 |
Општина Штип ја продолжува мерката за бесплатен претстој на децата на самохрани родители во двете детски градинки на територија на општина Штип, детска градинка Астибо и детска градинка Вера Циривири Трена.
Се работи на 64 дечиња на самохрани родители на територија на општина Штип коишто ќе посетуваат бесплатно детска градинка.
|
Повеќе...
|
Вторник, 05 Февруари 2019 14:40 |
Хамачи Дооел Штип донираше електричен автомобил на Општина Штип, за нејзините потреби. Се работи за возило со електричен погон, марка JONWAY произведено во 2016 година. Со ова возило се намалуваат трошоците за нафта, а и дополнително се заштитува животната средина.
|
Повеќе...
|
Понеделник, 04 Февруари 2019 15:24 |
Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со директорот на ЈП „Исар“, Живко Тасев извршија увид во започнатите работни активности во населбата Дузлак, Сончев Град. По завршување на снежните наноси и лошите временски услови, веднаш се започна со градежни активности на јавното претпријатие Исар во оваа населба.
|
Повеќе...
|
Вторник, 29 Јануари 2019 12:26 |
Денеска градоначалникот Бочварски заедно со директорот на ЈП „Исар“ потпишаа договор за соработка со фирмата Елколект, која е лиценциран колективен постапувач и поседува дозвола за поставување отпадна и електрична опрема.
На овој состанок присуствуваа и директорите на основните и средните училишта каде ќе бидат поставени садови за собирање на ваков вид на отпад.
|
Повеќе...
|
Вторник, 22 Јануари 2019 12:51 |
Зборот е збор! Во предизборната кампања, ветивме дека граѓаните на општина Штип ќе плаќаат поевтини сметки за вода. Од 1 јануари 2019 година сите граѓани на општина Штип ќе добиваат за 10% поевтини сметки за вода во однос на 2017 година.
|
Повеќе...
|
Петок, 18 Јануари 2019 15:28 |
Денеска градоначалникот Бочварски ги посети двете основни училишта на територијата на општина Штип, основното училиште Тошо Арсов и основното училиште Ванчо Прќе.
Подготовките за вториот дел од учебната година се во финална фаза.
|
Повеќе...
|
Четврток, 17 Јануари 2019 14:34 |
Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со раководителката на лер, јавни дејности и образование Билјана Казанџиска ги посетија основните училишта Димитар Влахов и Славејко Арсов. Основните училишта се комплетно подготвени да ги дочекаат учениците и да започне вториот дел од учебната година.
|
Повеќе...
|
Среда, 16 Јануари 2019 14:07 |
Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски го посети училиштето ООУ „Ванчо Прќе“ кое е една од институциите каде ќе се поставуваат фотоколектори.
Општина Штип аплицираше на проект менаџиран од Светска банка и обезбеди поставување на фотоколектори за три објекти кои преку производство на енергија од обновливи извори во голем дел ќе обезбедат заштеди на електрична енергија и истата ќе ја користат за свои потребни.
|
Повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 Следно > Крај >>
|
Страница 42 од 67 |