Работни активности на улица Косовска |
Понеделник, 11 Февруари 2019 14:43 | |||
Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски изврши увид во градежните активности на улицата Косовска. Се работи за крак од 137 метри кадешто долги години граѓаните имаа лоши услови за движење. „Се наоѓаме на улицата Косовска кадешто сакаме да промовираме на јавноста работни активности овде. Оваа улица беше завршена со тендерска постапка уште пред новата година, меѓутоа поради временските неприлики беше стопирано и еве веќе започнуваме со работа. Се работи за две улици, за Косовска и спојот на Радански пар со Широк Дол и овие инвестиции се од Владата на Република Македонија преку Министерството без ресор. Се работи за инвестиција од околу 600.000 денари, за бетонирање на овој крак,“ изјави Бочварски.
|