Средба со амбасадорот на САД во Република Македонија, Џес Бејли |
Среда, 13 Февруари 2019 15:54 | |||
На состанокот се разговараше за успесите на нашата држава во овој период, за огромната важност и придобивките од влезот во НАТО Алијансата. Македонија и во идниот период останува посветена на реформите, економскиот раст и евроинтеграциите. Градоначалникот Бочварски го информираше амбасадорот Бејли дека во Штип се работи на подобрување на инфраструктурата како и на проектирање на брана на реката Отиња, грасификација на градот, нова детска градинка и многу други проекти кои го обезбедуваат растот и развојот на Штип. Градоначалникот Бочварски искажа благодарност до амбасадорот Бејли, за неговите заложби на патот кон демократизација и интеграција на државата во НАТО Алијансата.
|