Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дома Настани Поздравен говор, Спортист на годината во Општина Штип
Поздравен говор, Спортист на годината во Општина Штип
Петок, 11 Јануари 2019 10:52

SportistZa2018-01Почитувани присутни,
Почитувани спортисти, спортски работници, претставници на спортски здруженија и екипи,
Почитувани поддржувачи и почитувачи на спортот,
Почитувани сограѓани,

Се собравме вечерва за заеднички да направиме осврт на спортските успеси кои штипјани ги остварија во текот на минатата 2018 година.

И на самиот почеток можеме со леснотија, но и со голема гордост, да констатираме дека спортските успеси на Штип навистина беа големи во текот на минатата година.

Беа остварени големи потфати, беа освоени нови височини, а сите успешни приказни предизвикаа гордост и сплотеност на нашата заедница.

Нашите спортисти успеваа не само да победуваат во сериозни натпреварувања, туку и да не обединат и да не инспирираат со нивните борбеност, непокор, ентузијазам, енергија, вредна и макотрпна работа, дружба и сила.

Во целата оваа приказна, особено драго ми е што можам да кажам дека и Општина Штип има свој удел. Во текот на минатата година, Општина Штип одвои 14 милиони денари од својот буџет во насока на поддршка на спортистите, како и за развој на училишните спортови.

Општина Штип ќе продолжи со мотивирањето на сериозните цели и успесите на нашите спортисти и во 2019 година, во која за почеток издвојуваме 16 милиони денари од општинскиот буџет.

Почитувани спортисти,

Општина Штип ќе ве бодри и охрабрува каде и да одите, затоа што вие сте нашите најзначајни амбасадори. Ви благодарам што го претставувате Штип, но и Македонија, во најубаво светло.

Годинава наградата „Спортист на годината во Општина Штип“ заминува во рацете на двократниот европски првак во карате и прв шампион од Македонија во еден олимписки спорт – нашиот сограѓанин Емил Павлов, којшто е воедно прогласен и за најдобар спортист за 2018 година во Македонија.

Емил,

Сите се гордееме со твоите успеси. Ти благодариме што го претставуваш нашиот град во најубавото, во вистинското светло, што ја претставуваш упорноста, енергичноста, но и одлучноста да ги исполниме највисоките принципи и критериуми. Со такви високомотивирани личности како тебе нашиот град расте и се развива, но и покажува дека е вистински европски град со светла европска иднина.

Почитувани сограѓани,

Штип ќе продолжи да ги слави и уважува успешните приказни на своите сограѓани. На самиот крај, дозволете да ги изразам моите надежи и искрени желби во годинава што ни претстои да имаме многу причини за славење на заедничките победи, многу поводи за награди и свечени пречеци на нашите спортски асови.

Да наздравуваме за уште многу заеднички победи!

 SportistZa2018-02

SportistZa2018-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Април 2025
П В С Ч П С Н
31 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 1 2 3 4

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize