Средба со директор на Управа за санкции, Јовица Стојановиќ |
Вторник, 15 Јануари 2019 14:50 | |||
На состанокот се разговараше зајакнувањето на казнено – поправниот систем и пробациската служба. „Денеска во Општина Штип имам една средба со господинот Бримле од Германија, којшто е раководител на проект за координација на неколку институции коишто треба да бидат на заедничка маса и заедно да работиме на подобрување на условите и користиње на новите методи во однос на осудените лица во Република Македонија. Овде заедно со нас е директорот на Управа за санкции, директорот на казнено-поправниот дом во Штип, судија од Основен суд и директорите на јавните претпријатија. Јас сметам дека во Република Македонија не недостасуваат законски прописи, но многу често недостасува координација помеѓу институциите со цел да се реализира она коешто е пропишано со законите,“ изјави градоначалникот Бочварски.
|