Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дома Настани Посета на две основни училишта
Посета на две основни училишта
Петок, 18 Јануари 2019 15:28

Ucilista-01Денеска градоначалникот Бочварски ги посети двете основни училишта на територијата на општина Штип, основното училиште Тошо Арсов и основното училиште Ванчо Прќе.

Подготовките за вториот дел од учебната година се во финална фаза.

„Во основното училиште Тошо Арсов се направени повеќе реконструкции, во делот на дворното уредување, на задниот влез, санација на оградата на училиштето, имаме целосно опремен мултимедијален центар, направена е замена на подот на неколку училници со што овде се инвестирани околу 1,4 милиони денари или нешто над 20.000 евра.

Денеска во комуникација со министерството добивме информација дека веќе наредната недела, бидејќи е завршен тендерот ќе се започне со замена на прозорите,“ истакна Бочварски.

„За основното училиште Ванчо Прќе беа одвоени 1,2 милиони денари од заштедите на Општина Штип.

Се реконструираше подот на спортската сала, променет е простапот до училиштето бехатон плочки, дополнително нов видео надзор за подобрување на безбедноста, ново озвучување, нови LCD проектори.

Средствата коишто ги имаме на располагање се трошат на проекти.

Дополнително голема благодарност за уште една донација којашто ја имаме овде  од страна на невладината Hand till Hand за реконструкција на тоалетите на приземјето, во висина од 110.000 денари.

Исто така имаме инвестиција во подобрување на Ресурсниот центар на деца со оштетен вид, донација од USAID,“ дополни градоначалникот Бочварски во основното училиште Ванчо Прќе.

 Ucilista-02

Ucilista-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Април 2025
П В С Ч П С Н
31 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 1 2 3 4

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize