Намалена цена на вода за пиење |
Вторник, 22 Јануари 2019 12:51 | |||
За потсетување во 2017 година цената на водата за домакинства изнесувала 35.50 денари за метар кубен, а за правни лица 53 денари за метар кубен. Новата цена на водата за домаќинствата од 01.01.2019 година ќе изнесува 31,96 денари за метар кубен, а додека за правните лица ќе изнесува 49,94 денари за метар кубен. Со ова покажуваме дека цената на водата за пиење може да се намали без разлика што претходните власти велеа дека тоа е невозможно. Дополнително најголемото покачување на цената на водата се случи во 2011 кога беше покачена за високи 39%. ЈП „Исар“ минатата година произведе за 2% помалку вода што е уште еден показател дека имаме намалување на губитоци на вода. За само една година изградивме и реконструиравме 3 километри водоводни линии, што претставува успех на ЈП „Исар“ и Општина Штип. Како за потсетување, ЈП „Исар“ од заштеди има набавено две возила, метларка и ровокопач со што дополнително се зголемуваат капацитетите на ова претпријатие. Ова се вистински мерки за враќање на парите кај граѓаните.
|