Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дома Настани Увид во градежни работи на спој од пешачка патека помеѓу улиците Широк дол и Радански пат
Увид во градежни работи на спој од пешачка патека помеѓу улиците Широк дол и Радански пат
Петок, 21 Декември 2018 14:59

Uvid-SirokDol-RadanskiPat-01Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски изврши увид во започнатите градежни активности во населбата Автокоманда на спој од улиците Широк дол и Радански пат. Се работи за прекоп, тампонирање и бетонирање на оваа улица која беше во лоша состојба и голем проблем за движење на граѓаните од тој дел од градот.

„Денеска се наоѓаме во населбата Автокоманда, или на улицата  којашто е спој на Широк дол со Радански пат. Оваа улица беше црна точка во нашиот град и е многу значајна за изградба бидејќи овде има доста голема фреквенција на луѓе и многу стамбени објекти. Сумата на чинење на оваа улица е 650.000 денари,“ истакна Бочварски.

Општина Штип наредната недела започнува со реконструкција на уште една улица во тој дел од градот. Се работи за улицата Косовска што ќе чини околу 600.000 денари и со тоа овде се инвестираат околу 1,2 милиони денари, пари обезбедени од Влада на Република Македонија.

 Uvid-SirokDol-RadanskiPat-02

Uvid-SirokDol-RadanskiPat-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Април 2025
П В С Ч П С Н
31 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 1 2 3 4

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize