Доделување на новогодишни пакетчиња |
Среда, 26 Декември 2018 14:05 | |||
„Денеска во пресрет на новата година посетуваме повеќе институции во општина Штип, со цел да поделиме пакетчиња на децата коишто учат во основното училиште Ванчо Прќе, овде во дневниот центар, потоа ќе продолжиме во ДСУ Искра, па во дневниот центар за аутизам во Пребег и на крај ќе го посетиме детското одделение во Клиничка болница Штип, со цел да овие предпразнични моменти ги разубавиме онолку колку што можеме во нашиот домен,“ стои во изјавата од градоначалникот Бочварски. Попладне ќе биде отворен Новогодишниот хепенинг што ќе трае во наредните четири дена. Со почеток во 17:00 часот свој настап ќе имаат, пејачот Зоран Илиев, магионичарот Кристијан Шопов, детскиот балетски клуб и на овој настан свое поздравно обраќање ќе има градоначалникот Благој Бочварски.
|