Јавна расправа за буџет за 2019 на Општина Штип |
Понеделник, 17 Декември 2018 18:58 | |||
На овие јавни расправи присутни беа, претседателот на Совет на Општина Штип, Јане Миланов и директорите на ЈП „Стипион 2011“ и ЈП „Исар“. Свое поздравно обраќање имаше претседателот на Совет на Општина Штип, каде пред присутните ги презентираше веќе започнатите и реализираните проекти во текот на изминатата година кои произлегле од минатите јавни расправи со граѓаните од урбаните заедници. Граѓаните од урбаните заедници, ги презентираа своите потреби, за разубавување и урбанизирање на местата кадешто тие живеат. Во наредната година Општина Штип ќе продолжи да ги исполнува потребите на граѓаните. Денеска завршија сите јавни расправи за буџетот на Општина Штип за 2019 година.
|