Увид во реконструкцијата на спортската сала во СОУ „Јане Сандански“ |
Петок, 27 Декември 2019 17:54 | |||
,,Во текот на 2018 година во СОУ „Јане Сандански“ се инвестираа 1.3 милиони денари и се врати долг за ова училиште на име на превоз за ученици и нафта од околу 5,5 милиони денари. Оваа година со чисти сметки навлеговме во целосна реконструкција на спортската сала во ова училиште,нов под, веќе се променети прозорците и е заменето осветлувањето во оваа сала.''истакна градоначалникот Салата во ова училиште повеќе од дваесет години немала ваква реконструкција. Ова е убава можност за учениците но и за сите спортисти кои можат да ја користат со што ќе го развиваме и надоградуваме спортот во нашата општина. Инвестициите за во 2019 година се 4,8 милиони денари од кои само за спортската сала се инвестирани 3,1 милиони денари со што ова е сериозна инвестиција од околу 80 000 евра само за ова училиште. Директорката Рамбабаова задоволна од доделените средства од Општина Штип со искрени желби и заложби и за во наредната година да продолжат да ги подобруваат условите во кабинетската настава ,,За оваа година успеавме со буџетските средства и од сопствената сметка да го замениме подот во сите училници со нов под и ламинат. Обезбедени се надгледни средства и помагала за подобрување на наставата. 10 интерактивни училници за нов старт во новото полугодие набавени се интерактивни табли , лцд телевизори,компјутери и други нагледни средства за кабинетите по практична настава.''истакна Рамбабова
|