Home Events Увид во реконструкцијата на спортската сала во СОУ „Јане Сандански“
Увид во реконструкцијата на спортската сала во СОУ „Јане Сандански“
Friday, 27 December 2019 17:54
There are no translations available.

SOUJaneSandanskiГрадоначалникот на Општина Штип изврши увид во рекунструкцијата на спортската сала во СОУ ,,Јане Сандански''.

,,Во текот на 2018 година во  СОУ „Јане Сандански“   се инвестираа 1.3 милиони денари и се врати долг за ова училиште на име на превоз за ученици и нафта од околу 5,5 милиони денари. Оваа година со чисти сметки навлеговме во целосна реконструкција на спортската сала во ова училиште,нов под, веќе се променети прозорците и е заменето осветлувањето во оваа сала.''истакна градоначалникот

Салата во ова училиште повеќе од дваесет години немала ваква реконструкција. Ова е убава можност за учениците но и за сите спортисти кои можат да ја користат со што ќе го развиваме и надоградуваме спортот во нашата општина.

Инвестициите за во 2019 година се 4,8 милиони денари од кои само за спортската сала се инвестирани 3,1 милиони денари со што ова е сериозна инвестиција од околу 80 000 евра само за ова училиште.

Директорката Рамбабаова задоволна од доделените средства од Општина Штип со искрени желби и заложби и за во наредната година да продолжат да ги подобруваат условите во кабинетската настава

,,За оваа година успеавме со буџетските средства и од сопствената сметка да го замениме подот во сите училници со нов под и ламинат. Обезбедени се надгледни средства и помагала за подобрување на наставата.

10 интерактивни училници за нов старт во новото полугодие набавени се  интерактивни табли , лцд телевизори,компјутери и други нагледни средства за кабинетите по практична настава.''истакна Рамбабова

 

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo en

Banner

Calendar

April 2025
M T W T F S S
31 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 1 2 3 4

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize