Отворање на детската градинка „Виножито“ |
Понеделник, 30 Декември 2019 13:17 | |||
Оваа детска градинка е инвестиција во висина од речиси 1 милион евра, пари од буџетите на Општина Штип, Министерство за локална самоуправа преку Биро за рамномерен и регионален развој и Министерство за труд и социјална политика. „Со изградбата на оваа градинка се зафатив уште на самиот почеток од мојот мандат. Не се занимавав со барање изговори или оправдувања, туку презедов акција, се борев за да го добиеме овој значаен објект. Детската градинка „Виножито“ денес не импресионира со шаренилото на можности кои ги нуди за секое дете: можности за добро воспитување, за дружба, за учење, за развивање но и општествена одговорност кај најмалите, кај оние за кои градиме подобра иднина,“ истакна градоначалникот Бочварски во своето обраќање. Заменик претседателот на Владата, Оливер Спасовски го поздрави отворањето на овој значаен капитален објект за Штип и порача дека Владата преку своите министерства ќе продолжи да го помага развојот на општините. Детската градинка „Виножито“ е со големина од 1600 метри квадратни и капацитет за 200 дечиња.
|