ЗОО Скопје ќе излезе во пресрет за привремено сместување на мечето Теди |
Петок, 27 Декември 2019 16:33 | |||
Според дозволите издадени во 2015 година од страна на Министерство за животна средина до ,,ЈП ИСАР'' во дозволата нема одобрување за чување на мече. Во тој период е дадена дозвола за чување на единаесет видови на диви животни точно наброени. ,,За да добиеме дозвола за чување на ова животно тоа се посебни процедури, изградба на посебни кафези, објекти со заштитни зони што ние во моментов како урбанизам на град Штип ги немаме во тој дел од градот. Општина Штип не преферира да инвестира во диви објекти кои неможат да се вклопат во детален урбанистички план во градот. Разговарано е со директорот на ЗОО Скопје кој што има поголем број на вакви животни одошто треба, но ќе излезат во пресрет да привремено го сместат мечето а тие со нивните стручни служби ќе ги започнат сите постапки за изнаоѓање на најдоброто решение за ова мече.’’ Има неколку организации кој што се заинтересирани во најдобри услови да го превземат и да го чуваат ова животно во најдобри услови тоа се ,, Brigitte Bardot ‘’ и ,,4 Paws ’’ ЗОО Скопје во координација со овие организација ќе продолжи со постапката. Претставници од овие организации веќе беа во Штип и го дадоа овој предлог. Мечето Теди заслужува да живее во хумани услови како што доликува, диви животни кое бара посебни услови.
|