Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дома Настани Увид во веќе изградена улица во н.Караорман од страна на директорот на Платежна агенција и Градоначалникот на Општина Штип
Увид во веќе изградена улица во н.Караорман од страна на директорот на Платежна агенција и Градоначалникот на Општина Штип
Четврток, 26 Декември 2019 15:26

Karaorman-UlicaГрадоначалникот на Општина Штип заедно со директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски извршија увид во реконструцијата на улица во Kараорман.

,,Се работи за апликација која Општина Штип ја поднесе до Платежната агенција и доби средства во висина од 3.2 милиони денари, додека кофинансирањето е на општината од 2,6 милиони денар што значи дека реализираме еден сереиозен проект од речиси 100 000 илјади евра кој што е значаен за граѓаните затоа што овде граѓаните газеа кал.

Во наредната година ќе продолжиме со исти вакви градежни зафати. За остатокот од уште 1 км улица во н.Караорман веќе имаме изготвено основен проект со ревизија а деновиве ќе издадеме градежно одобрение.

 

Напролет ќе ги завршиме сите улици во караорман со што оваа населба ќе биде целосно решена во рамки на патна инфраструктура.''истакна Бочварски

Општината, до Агенцијата за финансиска подддршка во земјоделството и руралниот развој, аплицирaше и за локалниот пат до последното село на територија на Општина Штип а тоа е с.Почивал со што го привршуваме тој пат и таа делница, односно ќе започнеме со изградба на пат од над 4 км .Овој пат ќе биде особено значаен за жителите на Почивало и Кошево. 

Директорот Бабовски истакна дека Општина Штип има максимален учинок со тоа што ги добила сите проекти со кои аплицирала до Агенцијата

,,Со реализација на овие четири проекти вкупно во оваа општина  ќе се инвестираат  околу 45 милиони денари средства што Агенцијата за финансиска поддршка ги додели за развој на овој дел од државата. Преку инфраструктурното поврзување на населените места со регионалните патишта овозможуваме граѓаните да имаат побрза и полесна комуникација со градовите како и скратување на времето што треба да го одвојат за да стигнат до Штип или до региналниот пат кој го поврзува Штип со останатите градови.
Квалитетната инфрастуруктура, пред се патиштата се основа за развој на помалку развиените подрачја.
  ''истакна Директорот Бабовски  

 

Со средства од Буџетот а преку Програмата за рурален развој во сите општини се реализираат над 200 проекти си вкупна вредност од 38 милиони евра. На овој начин Владата преку Мерките и Програмите кои ги реализира АФПЗРР, овозможува рамномерен регионален развој на целата држава. 

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Април 2025
П В С Ч П С Н
31 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 1 2 3 4

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize