Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дома Настани Свечен почеток на „Макфест“ 2018
Свечен почеток на „Макфест“ 2018
Четврток, 04 Октомври 2018 14:03

Makfest-otvoranje-01Денеска градоначалникот на Општина Штип,Благој Бочварски го означи почетокот на овогодинешното издание на „Макфест“ со традиционалното поставување на знамињата на платото пред хотел „Оаза“.

 Долгогодишната штипска традиција налага во октомври сите вљубеници во убавата и квалитетна македонска забавна музика, сите почитувачи на музичката уметност и убавите современи мелодии, да се соберат на едно место, овде, во нашиот град, и на сцената во Центарот за култура „Ацо Шопов“ да ги презентираат своите најнови музички креации.

„На огромно мое задоволство, на задоволство на граѓаните на Општина Штип еве по триесет и трети пат оваа година се организира фестивалот на забавни мелодии Макфест, најдобриот фестивал во Република Македонија.

Makfest-otvoranje-02

Можам да кажам со сигурност дека Макфест е авангарда на македонската музичка сцена, фестивал којшто многу значи, којшто дава многу хитови од прет триесетина години и уште се актуелни и се слушаат.

Верувам дека и оваа година фестивалот Макефест ќе даде многу нови хитови, ќе биде со прекрасен квалитет на музиката и верувам дека ќе има многу хитови коишто ќе останат запаметени во наредниот период и во наредните години,“ истакна градоначалникот Бочварски на отворањето на музичкиот фестивал.

Годинава „Макфест“ се враќа во својот вообичаен термин, во октомври, со што се враќа добро познатиот есенски музички шмек во Штип.

Во четврток и петок со почеток од 20:30 во Дом на Култура „Ацо Шопов“ се двете полуфинални вечери, а во сабота во истиот период е финалната вечер, после која ќе има шоу програма со пејачот Дарио.

Makfest-otvoranje-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Април 2025
П В С Ч П С Н
31 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 1 2 3 4

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize