Увид во градежни активности на експресен пат Штип - Радовиш |
Четврток, 04 Октомври 2018 13:21 | |||
Изградбата на овој експресен пат започна во јуни годинава, а градежните активности се одвиваат со голем интензитет, заради што веќе се забележливи и видливи првите резултати од изградбата. „Денеска заедно со министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски, директорот на ЈП за државни патишта и градоначалникот на Радовиш сме овде на оваа делница Штип-Радовиш. На мое огромно задоволство Овој источен регион од државата ќе може побргу и поефикасно да работи и да функционираат бизнисите и економијата. Преку 240 милиони евра економија да се движи по овие нови патишта од источниот регион така што можам да кажам дека за Штип и за овој регион значи многу оваа делница.
Драго ми е што Владата на Република Македонија вистински се зафати со развој на економијата преку изградба на патишта, затоа што многу важно е да се пуштаат парите во изградба на инфраструктурни објекти, важни за граѓаните, а не во некои други споредни објекти коишто не враќаар повратен бенефит. Така што верувам дека овој пат ќе се движи со ваква брза динамика до самиот финиш и што е можно побргу граѓаните на овој регион да видат бенефит од изградбата на овој пат,“ истакна градоначалникот Бочварски.
|