Официјален почеток на „Пастрмалијада“ |
Петок, 21 Септември 2018 22:38 | |||
Градоначалникот Бочварски и амбасадорот Жбогар ѝ се обратија на штипската публика и ѝ посакаа убаво расположение во деновите кои претстојат, а во кои ќе се слави традиционалниот штипски специјалитет. За време на церемонијалното отворање, градоначалникот Бочварски и амбасадорот Жбогар на сцена беа придружувани од страна на вицепремиерката Радмила Шекеринска, музичките изведувачи Кристина Арнаудова и Влатко Стефановски, како и кулинарите кои ја подготвија џиновската пастрмалија. На свеченото отворање После свеченото отворање започна настапот на Влатко Стефановски, а во текот на вечерта ќе настапат и пејачката Дани Димитриевска и рок групата Ван Гог. Годинешнава „Пастрмалијада“ ќе трае до недела, а пред штипската публика ќе настапуваат: Зоран Илиев, Јоце Панов и Северина во сабота, но и Либеро Бенд, Мирза Селимовиќ и Амадеус Бенд во недела.
|