Трибина „Придобивки и предизвици од ЕУ ориентирано земјоделство“ |
Понеделник, 24 Септември 2018 13:31 | |||
На трибината, градоначалникот Бочварски оствари средба со десетици земјоделци, со кои разговараа за перспективите на земјоделците во Европската Унија. На трибината проектниот менаџер на Рурална Коалиција, Елизабета Ристеска – Мрческа, како и експерт/советник од областа на земјоделската пракса, им ја доближија на граѓаните Европската Унија и Заедничката Земјоделска Политика, како основна политика на уредување на секторот земјоделство и рурален развој, а за којашто за периодот 2021-2027 година се издвојуваат 375 милијарди евра или 40% од вкупниот буџет на ЕУ, а ќе има пренесување искуства и од страна на самите земјоделци коишто имале можност да користат фондови и средства од ЕУ.
|