Национална акција за чистење на отпадот |
Сабота, 15 Септември 2018 12:39 | |||
За реализација на националната акција за чистење на отпадот, поддршка дадоа повеќе владини и невладини институции, како: Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за локална самоуправа, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерство за здравство, Дирекција за заштита и спасување, Црвен Крст, Го Грин, Агенција за млади и спорт, Центар за управување со кризи, ЗЕЛС и слично. Цел на националната акција за чистење на отпадот е да се подигне свеста кај нашите сограѓани за правилно справување со отпадот, како и да се развијат механизми за поддршка на граѓаните, општините и други засегнати страни за подобро и полесно да се справат со неорганизирано и незаконско фрлање на отпад во нивните средини.
|