Thursday, 21 June 2018 12:22 |
There are no translations available.
Денеска во посета на Општина Штип беше министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски, којшто оствари средба со градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, како и со претставници на општинската администрација.
|
Read more...
|
|
Thursday, 21 June 2018 08:40 |
There are no translations available.
Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, оствари средба со АРМ, Здружена Оперативна Команда, на којашто присуствуваа командантот на ЗОК бригаден генерал Павле Арсоски и началниците на секции. За време на средбата, градоначалникот ја презентираше Општина Штип и нејзините капацитети, додека бригадниот генерал Павле Арсоски зборуваше за присуството на АРМ на територијата на општина Штип, како и за соработката помеѓу АРМ и Општина Штип.
|
Read more...
|
Wednesday, 20 June 2018 14:23 |
There are no translations available.
Денеска Општина Штип учествуваше во проектот „Future of Europe - Reload“. Настанот започна во 10:00 часот во ОМЦ „Киро Глигоров“ во Штип каде свое поздравно обраќање имаше градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, а потоа свое претставување имаа и градоначалниците од градовите од седум различни земји-членки во Европската унија и тоа од:Aksakovo(Бугарија), Setubal (Португалија), Ozarow Mazowiecki (Полска),Nughedu Santa Vittoria (Италија), Victoria (Романија), Monserrat (Шпанија).
|
Read more...
|
Monday, 18 June 2018 13:20 |
There are no translations available.
ЈП „Исар“ Штип во изминативе неколку месеци работи домаќински и одговорно, во корист на граѓаните. Во само првото тромесечје од оваа година ЈП „Исар“ успеа да оствари заштеди во износ од 3.700.000 денари. Тие заштеди ЈП „Исар“ ги искористи за снабдување со ново возило – машина, којашто ќе биде искористена максимално за спроведување на сите важни активности на ова јавно претпријатие. Денеска беше промовирана новата машина во кругот на ЈП „Исар“.
|
Read more...
|
Monday, 18 June 2018 07:59 |
There are no translations available.
Како што јавноста веќе е известена, Општина Штип на десетти мај годинава оствари средба со претставници од Општина Стражица во Република Бугарија, на којашто беше договорено да се продлабочи соработката помеѓу нашите две општини. Оваа соработка ја продолжуваме со тоа што веќе утре Општина Штип испраќа своја делегација која ќе го претставува Штип кај нашите соседи.
|
Read more...
|
Thursday, 14 June 2018 12:05 |
There are no translations available.
Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, со поздравен говор го отвори информативниот настан за програмата за финансиска поддршка на рурален развој за 2018 година.
„Денеска се организира една презентација во врска со проектите коишто ги нуди Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Агенцијата за рурален развој. Градоначалниците и претставниците на локалните самоуправи од регионот, претставниците од Центарот за развој на источен плански регион и сите служби коишто работат на оваа проблематика од општините од овој регион ќе можат да се запознаат подобро со мерките коишто се нудат за поддршка на руралниот дел од општините. Источниот плански регион има 11 општини и голем број населени места коишто се рурални и затоа се особено важни овие мерки,“ истакна градоначалникот Бочварски.
|
Read more...
|
Wednesday, 13 June 2018 14:24 |
There are no translations available.
Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, оствари средба со амбасадорката на Република Србија во Република Македонија, Душанка Дивјак-Томиќ. На средбата градоначалникот Бочварски и амбасадорката Дивјак-Томиќ разговараа за продлабочување на веќепостоечката соработка помеѓу двете пријателски земји, со акцент на соработка којашто ја вклучува Општина Штип.
|
Read more...
|
Monday, 11 June 2018 12:04 |
There are no translations available.
Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски изврши увид во градежните активности кај паркинг платформата во централното градско подрачје. Со изградба на оваа платформа се обезбедуваат 50 нови паркинг места во центарот на градот. Вредноста на овој проект изнесува 7.827.733 денари со вклучено ДДВ.
|
Read more...
|
Wednesday, 06 June 2018 13:50 |
There are no translations available.
Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, и министерот во Владата на Република Македонија задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, остварија средба во Штип.
При тоа беа отворени повеќе актуелни прашања во однос на иселениците од Штип, но и како може да се унапреди начинот на комуникација и соработка со нив.
|
Read more...
|
Tuesday, 05 June 2018 12:38 |
There are no translations available.
Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Боочварски, изврши увид на градежните активности поврзани со асфалтирање на локалниот пат Шашаварлија – Кошево – Почивало, од кој со овој проект се асфалтира делница од 1 километар.
Локалниот пат се асфалтира по сите стандарди за изведба.
|
Read more...
|
|
|
|
<< Start < Prev 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 Next > End >>
|
Page 53 of 67 |