Home Events Посета на амбасадорка на Јапонија, Кеико Ханеда
Посета на амбасадорка на Јапонија, Кеико Ханеда
Thursday, 31 May 2018 14:04
There are no translations available.

Ambasadorka JP-1 resizeДенеска во посета на општина Штип е амбасадорката на Јапонија во Република Македонија, Кеико Ханеда, чијашто посета е со цел промоција на проектот „Подобрување на здравствената средина на Клиничка болница Штип преку обезбедување амбулантни возила“, преку кој се обезбедени возила за транспорт на пациенти во износ од 40.262 евра.

Пред промоцијата на проектот, делегација од јапонска амбасада предводена од амбасадорката Ханеда остварија средба со градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски. На средбата градоначалникот ја информираше амбасадорката за капиталните проекти на чијашто реализација работи Општина Штип, меѓу кои и гасификација, изградба на детска градинка, изградба на брана на река Отиња, како и многу други проекти коишто се во насока на издигнување на квалитетот на секојдневното живеење на граѓаните. На средбата присуствуваше и заменик министерот за локална самоуправа, Дејан Павлевски, како и претставници од Центарот за развој на источен плански регион.

Амбасадорката Ханеда Ambasadorka JP-2 resizeистакна дека ги препознава и ги цени напорите и успесите на градоначалникот Бочварски на полето на издигнување на Штип не само како најважен регионален центар, туку и како Општина што покажува сериозно водство во процесите на евроинтеграција, но и владеењето според принципите на демократско и отворено општество. Амбасадорката Ханеда посочи дека пријателството меѓу Јапонија и Македонија ќе продолжи да биде цврсто, но и дека соработката со Општина Штип ќе продолжи и во иднина.

После остварената средба, амбасадорката Ханеда, градоначалникот Бочварски и заменик министерот за локална самоуправа Павлевски се упатија кон Клиничка болница Штип, каде беа пречекани од претставници на персоналот на болницата на чело со директорот на Клиничка болница, Ален Георгијев.

Ambasadorka JP-3 resizeНа платото пред болницата беше презентиран проектот „Подобрување на здравствената средина на Клиничка болница Штип преку обезбедување амбулантни возила“, а присутните имаа можност да извршат увид во донираните возила.

„Денеска е убав ден за граѓаните на Општина Штип. Рано изутрина одржав средба со амбасадорката на Јапонија во Република Македонија, на којашто ѝ ја изразив својата благодарност во име на сите граѓани на општина Штип за оваа донација, овој грант којшто го доделува на Клиничка болница Штип. Оваа донација е од исклучително значење, бидејќи на Клиничка болница Штип насушно ѝ е потребна поддршка, бидејќи во овој момент се гради новиот клинички центар. Опремата е секогаш потребна за граѓаните. Јас верувам дека со овие возила, нашите служби и доктори овде ќе успеат да спасат многу човечки животи. Затоа уште еднаш сакам да се заблагодарм на мбасадорката. Во иднина очекувам уште многу вакви соработки. Граѓаните на општина Штип ќе бидат секогаш благодарни. А, ние како Општина Штип секогаш ќе бидеме добри домаќини на сите граѓани коишто од Јапонија би престојувале овде. Со ова сакам да најавам дека продолжуваме да соработуваме со Амбасадата на Јапонија во Република Македонија и да бараме начини на соработка и поддршка од нивна страна за Општина Штип како лидер во регионот и лидер во Република Македонија,“ истакна градоначалникот Бочварски.

„Односите помеѓу Јапонија и ШтипAmbasadorka JP-4 resize отсекогаш биле одлични и се согласивме да продолжиме да го негуваме нашето пријателство. Ова не е прва соработка помеѓу Јапонија и Штип. Од 2000 година Јапонија има поддржано здравствени и образовни институции во Штип со повеќе од 192.000 евра и повеќе од половина милион евра за целиот источен регион. Патем, завележувате дека на возилата има едно слатко маче, тоа е новата маскота на оваа јапонска програма по повод одбележување на јубилејот 30 години од доделувањето грантови во земјава. Овие се првите мачиња во Македонија, бидејќи ова е нашата прва церемонија на успешно завршен проект за оваа година и се надевам дека ви се допаѓаат. Уште еднаш се заблагодарувам на сите што ги поддржуваат нашите пријателски односи: градоначалникот на Општина Штип, заменик министерот Павлевски, директорот на болницата и медицинскиот персонал, Центарот за развој на источен плански регион, како и на сите граѓани на Штип. Се надевам дека преку овие проекти за соработка и многу други размени нашето пријателство ќе продолжи да зајакнува и во иднина,“ истакна амбасадорката Ханеда.

„Би сакал да ја изразам мојата огромна благодарност до амбасадорката Ханеда за оваа донација на две амбулантни возила. Со оваа донација уште еднаш јапонската Влада покажа дека Штип е високо на агендата на Јапонците. Знаеме, нашата болница е специфична. Пред дваесет години добивме огромна донација во вид на медицинска апаратура и возила, од коишто голем дел и ден денес се во употреба. Се надеваме дека и понатаму ќе имаме уште повеќе зеднички проекти со јапонската Влада, којашто многу пати покажала дека е великодушна. Исто така, морам да се заблагодарам и на сите оние коишто помогнаа овој проект да се реализира, тоа се луѓето од Центарот за источен плански регион, како и од Општина Штип,“ посочи директорот на Клиничка болница Штип, Ален Георгијев.

Ambasadorka JP-5 resize„Би сакал да изразам голема благодарност да јапонската Влада и до Амбасадата на Јапонија во Република Македонија за континуираната помош којашто ја дава на граѓаните на Република Македонија. Министерството за локална самоуправа и Владата на Република Македонија за свој приоритет имаат да ги подобрат услугите и да ги изедначат услугите за сите граѓани на територија на Република Македонија, а воедно со тоа да се подобри квалитетот на живеење за сите граѓани на Македонија. Ваквите проекти коишто се поддржани од јапонската Влада во континуитет се токму во таа насока. Сакам и да им оддадам признание на Општина Штип и Центарот за развој на источен плански регион што успеваат да ги препознаат напорите на јапонската Влада да помогнат и аплицираат со соодветни проекти. Тоа е начинот на којшто треба и другите Општини и планските региони да ги препознаат подадените раце од нашите пријатели – донатори и заеднички да направиме што е можно повеќе за нашите сограѓани,“ посочи во неговата изјава заменик министерот за локална самоуправа, Дејан Павлевски.

 

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo en

Banner

Calendar

March 2025
M T W T F S S
24 25 26 27 28 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31 1 2 3 4 5 6

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize