Општина Штип нуди бесплатно полнење на градскиот базен |
Friday, 01 June 2018 14:09 | |||
There are no translations available.
„Како што јавноста знае, годинава постои можност после 60 години штипјани да останат без можноста да посетуваат градски базен. За време на владеењето на мојот претходник, градскиот базен е отуѓен од Општина Штип, односно е продаден на приватно лице. За жал, сега Општина Штип не може да стори ништо за да го врати во рикверц тој процес. Но, јас како градоначалник сакам да им излезам во пресрет на нашите сограѓани и затоа изминативе денови се обидувам да ги употребам сите ингеренции за штипјани да не останат без базен. Општина Штип како институција нема ингеренции да натера некого да стопанисува и да го стави во функција базенот. Општина Штип заедно со ЈП „Исар“ ги става целосно своите ресурси и капацитети на располагање и излегува во пресрет за тој базен да профункционира оваа година. Водени од мотото да најдеме решение и да им излеземе во пресрет на граѓаните, денеска објавувам дека нудиме базенот да го наполниме со вода бесплатно. Секако тоа би го направиле во согласност со сопственикот на градскиот базен. Ние како Општина Штип подаваме рака со искрени намери да се најде решение за сите граѓани на општината да не бидат приморани годинава да се разладуваат во други градови,“ посочи градоначалникот Бочварски.
|