Координативен состанок за актуелната ситуација и вирусот Ковид 19 |
Tuesday, 17 March 2020 16:05 | |||
There are no translations available.
На овој состанок се разговараше за насоки и чекори за заштита на граѓаните од вирусот Ковид 19. „Овој состанок беше доста корисен заради тоашто добивме инфомрација што веќе превзеле работодавачите во насока на заштита на работниците, но и ги информиравме кои се насоките и како треба да се справуваат со оваа состојба,“ изјави градоначалникот Бочварски. Центарот за Јавно здравје даде насоки за продолжување на дезинфекција на автобусите и превозните средства на превозниците, а исто така по завршување на работното време треба да се дезинфицираат и погоните и работните простории, со средства пропишани и дозволени од ЦЗЈ. Претставници од Центарот за Јавно здравје одговараат на повиците и на потребите на граѓаните, како и на институциите. Денеска е одржана обука во Казнено поправниот дом во Штип. „Во моментот нема лице од Штип коешто се тестира на инфективното одделение и нема простор за паника. Имаме редовен контакт со лицата коишто се во самоизолација и тие се добри и немаат никакви симптоми,“ изјави директорката на ЦЗЈ Штип. Општина Штип овие денови врши редовно миење и дезинфицирање на улиците, површините за пешаци, плоштадот, градскиот пазар. Апелираме да се следат препораките на Владата и Министерството за здравство.
|