Mиење на улиците и дезинфекција на објектите за заштита од вирусот Ковид 19 |
Friday, 13 March 2020 16:40 | |||
There are no translations available.
Вчерашната акција започна во населбите Осми Ноември, Сењак и во централното градско подрачје. Вработените во штипската противпожарна единица и во јавното претпријатие вршеа дезинфекција на местата за одлагање на отпад како и миење на патните коловози и површините за пешаци. Денеска продолжи акцијата со засилена динамика во останатите делови од градот со цел намалена опасност за зараза од вирусот Ковид 19 или Корона. „Дополнително вршевме дезинфекција на зградата во општината, на сите канцеларии кадешто граѓаните ги добиваат своите потреби. Апелиравме до такси компаниите, како и до превозниците на работниците и работничките да ги дезинфицираат своите возила, со цел безбедност на повисоко ниво. Ги следиме сите препораки од Владата и се надеваме дека во наредниот период ќе се нормализира состојбата и граѓаните ќе функционираат со нормален интензитет,“ изјави градоначалникот Бочварски. Со почит,
|