Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дома Настани Координативен состанок за актуелната ситуација и вирусот Ковид 19
Координативен состанок за актуелната ситуација и вирусот Ковид 19
Вторник, 17 Март 2020 16:05

Sostanok 01Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски одржа координативен состанок заедно со претставници од неколку текстилни фабрики, превозници од локалниот превоз што ги превозуваат работниците, Гласен текстилец, Хелсиншки комитет, ЦЗЈ и сите засегнатни инспекторати коишто се засегнати со Корона фирусот.

На овој состанок се разговараше за насоки и чекори за заштита на граѓаните од вирусот Ковид 19.

„Овој состанок беше доста корисен заради тоашто добивме инфомрација што веќе превзеле работодавачите во насока на заштита на работниците, но и ги информиравме кои се насоките и како треба да се справуваат со оваа состојба,“ изјави градоначалникот Бочварски.

Центарот за Јавно здравје даде насоки за продолжување на дезинфекција на автобусите и превозните средства на превозниците, а исто така по завршување на работното време треба да се дезинфицираат и погоните и работните простории, со средства пропишани и дозволени од ЦЗЈ.

Претставници од Центарот за Јавно здравје одговараат на повиците и на потребите на граѓаните, како и на институциите. Денеска е одржана обука во Казнено поправниот дом во Штип.

„Во моментот нема лице од Штип коешто се тестира на инфективното одделение и нема простор за паника. Имаме редовен контакт со лицата коишто се во самоизолација и тие се добри и немаат никакви симптоми,“ изјави директорката на ЦЗЈ Штип.

Општина Штип овие денови врши редовно миење и дезинфицирање на улиците, површините за пешаци, плоштадот, градскиот пазар. Апелираме да се следат препораките на Владата и Министерството за здравство.

Sostanok 02

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Април 2025
П В С Ч П С Н
31 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 1 2 3 4

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize