Камен темелник на затворен базен во Штип |
Friday, 14 February 2020 15:11 | |||
There are no translations available.
Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со директорот на Агенција за млади и спорт, Дарко Каевски одржаа прес конференција по повод ставање на камен темелник на затворениот базен во населбата Деснаци. „Го реализираме едно од најголемите ветувања во владината програма и повеќегодишното барање на граѓаните од Штип, затворен базен. Ќе придонесеме кон развивање здрави навики од најмала возраст и развој на пливањето како спорт, од што најголем бенефит ќе имаат младите луѓе и спортистите,“ изјави директорот на Агенцијата, Дарко Каевски. Градоначалникот Бочварски во изјавата за медиуми потенцираше дека локалната самоуправа направи големи напори за изградба на овој капитален проект којшто е од големо значење за граѓаните и спортистите во Штип. „Направивме големи напори за почеток на градба на затворениот базен во Штип,“ кажа Бочварски.
|